
GUN INTERIER
Гун Интериер е водечки лидер во производство на маси и столици во регионот.
Почетоците на Гун Интериер водат од 1967 година, чија првобитна дејност е обработка на дрво.
Од 1990та година започнува со производство на столици и маси од дрво. Со производствен капацитет во с.Врапчиште, Гостивар, ги задоволува потребите на потрошувачите ширум Македонија.
Производите на Гун Интериер се одликуваат со врвен квалитет, пред се, поради квалитетот на суровините кои се употребуваат во процесот на производство, високо мотивираниот стручен кадар, како и употребата на автоматизирана технологија. Нашиот дизајнерски тим развива проекти и креира модели кои се во чекор со најновите модни трендови во светот.
Гун Интериер со својот асортиман е застапен и на пазарите во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија. Исто така, извезува и за Германија, Швајцарија и Словачка.
Гун Интериер е редовен учесник на саемот за мебел во Македонија.
За нас